tocka-131580

Ужасно: Желудникот ќе ви се преврти кога ќе видите од што всушност се прави маргаринот

tocka-131580

Маргаринот се избелува со цел да ја изгуби валкано сивата боја, а белеењето настанува со помош на хемикалии и прав од некои видови на глина.

Години наназад стручните лица не уверуваа дека маргаринот е сосема здрава алтернатива за путерот, но вистината полека, но сигурно, излегува на виделина. Ако сте токму еден од оние кои често употребува маргарин во својата исхрана, ве предупредуваме дека желудникот навистина може да ви се преврти откако ќе прочитате дека всушност оваа намирница се добива со процес кој е сличен на оној при правењето на пластика.

Основата на маргаринот се ефтини масла со сомнителен квалитет добиени од семки од соја, памук, репка и пченка. Веројатно вреди да се напомене дека сојата е навистина опасна билка бидејќи моментално 98 отсто од посадите со соја се ГМО. Од друга страна пак, памукот е една индустриска билка која е најмногу третирана со отровни пестициди и инсектициди и ако земеме предвид дека и пченката се смета за неквалитетна намирница токму поради ГМО производството, особено онаа која е по потекло од Аргентина – тогаш состојките за маргаринот стануваат навистина непожелни за исхрана.


Покрај тоа, тие се и особено штетни по човековото здравје. Маслото од семките од овие билки се добива со врело прецедување со што се добиваат големи количества на слободни радикали кои се заслужни за уништувањето на ќелиите во човечкиот организам.

Слободните радикали се причина број еден за предвремено стареење, а освен тоа може да предизвикаат и канцер.

Во оваа намирница се кријат и опасни масла. На пример, маслото од семе од памук е една од најпознатите состојки на маргаринот, а за човечка употреба апсолутно не би смеело да се користи бидејќи во нерафинирана состојба се користи како пестицид поради токсинот госипол со кој памукот се штити. Семките од памук содржат големо количество на високо незаситени маснотии. Тука е и маслото од репка кое е популаризирано последниве неколку години. Него го претставија големите компании за брза храна, a тоа им го овозможи генетски модифицираната верзија. Маслото од репка е вкусно, но неговите арома и мирис се дополнително додадени.

Откако ќе се измешаат сите масла, во нив се додава фин прав од никел кој служи како катализатор во процесот на хидрогенизација и комбинирање на транс-масните киселини. Некои производители користат и други видови на катализатори, но сепак сите тие се подеднакво токсични.


Со процесот на хидрогенизација се преработуваат маслата со додавање на водород при високи температури, а тука е и металниот катализатор во прав. Сето тоа се претвора во цврста и стабилна маст која успева да опстои на собна температура.

После делумната хидрогенизација, сировата маса на маргаринот е една смрдлива, леплива и сива маса која веројатно не би сакале ниту да ја погледнете. Со цел оваа маса да се ослободи од тврдите грутки се додаваат емулгатори налик на сапун, а потоа целата маса се меша. После додавањето на емулгаторите и уништувањето на грутките, масата на сировиот маргарин се чисти под висок притисок и со висока температура како би се отстранила смрдеата на хемикалиите. Овој процес се нарекува уште и деодоризација бидејќи во маргаринот се додаваат и различни адитиви како би мирисал привлечно за јадење.

Понатаму, маргаринот се избелува како би се изгубила валкано сивата боја, а белеењето се прави со помош на хемикалии и прав од некои видови на глина. Следен чекор е додавање на жолта боја и природни бои налик на оние од путерот.

Кога маргаринот ќе престане да смрди, вкусот и понатаму останува неподнослив, а тогаш му се додаваат ароми, појачувачи на вкус и различни конзерванси.

Погледнете го и овој видео запис во кој се објаснува целиот процес на правење на маргаринот:

 

tocka-131494

Снимен падот на полицискиот хеликоптер во Струмичко

http://tocka.mk/images/content/golemi/07-2014/tocka-131494.jpg

 

Видео снимка од падот на полицискиот хеликоптер, во кој загинаа четворица искусни пилоти на МВР, објави битолската телевизија Орбис.

Во трагичната несреќа вчеравечер загинаа Драги Мицев, началник на хеликоптерската единица на МВР, роден 1969 година, во Струмица, Маријан Трајковиќ, капетан, роден 1967 година во Куманово, Тоде Орешков, воздухопловен инспектор, роден 1970 година во Кавадарци и Иљо Лопатички од Битола, роден 1968 година.

Хеликоптерот се урна синоќа во близина на Кванташкиот пазар во Струмица, а според кажувањата на очевидци, пред да падне, кружел неколку минути во воздух. Пред падот леталото на полицијата удрило во антена на Македонското радио.

Министерката Јанкулоска денеска одржа потресна прес-конференција, на која рече дека надлежните истражуваат дали антената била соодветно обележана.

Незгоден и прилично непријатен момент кој не би требало да биде снимен

Седеле еден покрај друг на Вимблдон, а камерата “уловила” еден малку непријатен момент во кој се чини како актерот да не сака да се поздрави со славната дизајнерка.

Викторија Бекам на трибините на Вимблдон седела покрај Семјуел Л. Џексон (65). Актерот и дизајнерката не се поздравиле, а камерата дури уловила и еден прилично непријатен момент помеѓу овие две ѕвезди. Снимката, нормално, за кратко време стана потсмев со епски пропорции на интернет.

Викторија Бекам (40) на снимката изгледа како да се плаши од Џексон. На почетокот на видеото кратко погледнува кон него, изглдеа дури и како срамежливо да го поздравува, а потоа целата се потресува и не знае каде да гледа и како да се намести во својата столица. Семјуел за тоа време се чешка по нога, а потоа и по глава. Делува како да не сакал да ја поздрави Викторија, па се преправа дека ниту ја видел ниту слушнал.

 


На интернет кружат секакви глупости. На Вимблдон ми беше супер до Викторија. Таа е навистина драга! Заќутете!“, искоментирал популарниот актер на својот Твитер профил по објавеното видео.

 

 

Ви се допаѓа Мобилара?